fbpx

УЈП: Не отворајте СМС пораки кои ве повикуваат на задолжителна пријава

„Никако да не ја отворате оваа лажна веб-страница бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка, како и да прикачите фотографија од вашата лична карта“, велат во УЈП

-

Управата за јавни приходи (УЈП), на својот Фејсбук профил информира дека на граѓани им биле испраќани СМС пораки во кои се бара тие да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

„Никако да не ја отворате оваа лажна веб-страница бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка, како и да прикачите фотографија од вашата лична карта. Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб-страница може да предизвика нивна злоупотреба. Веб-страницата не e во сопственост на Управата за јавни приходи“, предупредуваат во УЈП.

Испраќачот на пораките, велат оттаму, се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба.

„Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, додаваат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...