fbpx

По случајот со морбили кај бебе, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески

Матичните лекари и педијатрите, сомнителните случаи треба да ги препраќаат до инфектолози за понатамошна дијагностика

-

Откако беше регистриран случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе, Комисијата за заразни болести донесе препораки кои се однесуваат на прилагодување на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаите со морбили.

Како што информира денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, бидејќи така побрзо може да се ублажи процесот на ширење морбили.

„Потребно е да се подигне свесноста меѓу здравствените работници и популацијата за постоење на случаи на морбили во државата. На матичните лекари, педијатрите и инфектолозите им препорачавме внимателно да ги следат сите симптоми кои се карактеристични за морбили во државата и истите да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје“, рече тој.

Матичните лекари и педијатрите, изјави Мехмедовиќ, треба да ги препраќаат сомнителните случаи до инфектолози за понатамошна дијагностика.

Мехмедовиќ исто така рече дека дополнително ќе се направи и преглед во документацијата на сите оние кои не се вакцинирани досега или не се комплетно вакцинирани, со цел да се покријат и тие дупки во системот кои можат да бидат причини за појава на нови случаи.

„Секако дека треба да се засили и процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на МРП вакцината затоа што претставува најефикасен начин за контрола, односно за ублажување на последиците од морбили како болест меѓу децата“, додаде тој.

На прашањето дали се знае изворот на заразата кај 13-месечното дете, Мехмедовиќ рече дека 13 дена пред да се појават симптомите и исипот кај детето била направена посета на Институтот за микробиологија и на клиниката за очни болести во Скопје.

Последниот случај на морбили во земјава беше регистриран во 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...