fbpx

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, на чекор од разрешување

Од службата за односи со јавноста на бугарскиот претседател велат, дека предлогот на Вишиот судски совет „се разгледува“ и дека денеска бил заведен во архивата на претседателската администрација

-

Откако вчера Вишиот судски совет на Бугарија со 16 гласа „за“ и 4 „против“ донесе одлука да го разреши Главниот обвинител Иван Гешев, кого го следат куп обвинувања и скандали, денеска Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената“ и поранешен премиер на Бугарија, го повика бугарскиот претседател Румен Радев да издаде указ за разрешување на Гешев од фунцијата, јави mediapool.bg.

Од службата за односи со јавноста на бугарскиот претседател, пак, велат, дека предлогот на Вишиот судски совет „се разгледува“ и дека денеска бил заведен во архивата на претседателската администрација.

„Ќе биде огромна грешка претседателот да не го потпише брзо указот за разрешување на главниот обвинител. Никаде во Уставот времето за тој указ не му е дадено на претседателот како власт со која тој си игра. Има решение од вчера. Според мене, треба да го издаде указот до крајот на седмицата“, рече Петков.

Вишиот судски совет вчера го разреши Гешев поради нарушување на угледот на судската власт со изјавата за „политичкото ѓубре“ во бугарскиот парламент на 15 мај, кога рече дека бил жртва на политичката мафија, олигархијата и криминалот.

Петков се надева дека со новите уставни измени ќе биде избришана функцијата Главен обвинител.

Инаку, разрешувањето во Вишиот судски совет следеше по две седници, од кои првата, во четвртокот, траеше 14 часа.

Гешев е избран на функцијата на крајот на 2019 година, со седумгодишен мандат.

Изворmediapool.bg

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...