Срушена дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37 во Тетово [фото]

Од Општинскиот инспекторат нè информираа дека објектот изграден без дозвола е срушен по налог на градоначалникот на општината

-

Општинскиот инспекторат од Тетово денеска интервенираше за уривање на објектот изграден без дозвола во просторот на урбаниот блок 37, јавна површина која е наменета за паркинг. Процедурата за уривање на овој објект беше комплицирана и траеше околу девет месеци, при што до денеска помина низ неколку фази за на крај да биде финализирана со рушење на објектот, пишува Порталб.мк.

Просторот во кој се наоѓаше дивоградбата е наменет за паркинг за жителите кои живеат таму, а за овој проблем Порталб.мк известуваше континуирано.

Денеска додека Порталб.мк беше на терен, по наредба на Општинскиот инспекторат и во присуство на полицијата, со машини се вршеше отстранувањето на остатоците од сега срушената зграда.

Срушена дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37 во Тетово. Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Од Општинскиот инспекторат нè информираа дека објектот изграден без дозвола е срушен по налог на градоначалникот на општината.

Во меѓувреме, на терен го сретнавме и сопственикот на зградата, кој се пожали дека објектот е срушен без никакви документи.

Постапката за овој објект започна во септември 2022 година кога Порталб.мк објави дека по уредувањето на паркинг просторот и уривањето на другите дивоградби во урбаниот блок 37, или инаку познат како простор „Стара противпожарна станица“, овој објект познат инаку како „Чоло мос“ останал недопрен.

Општинските власти во неколку наврати за Порталб.мк ветуваа дека овој објект ќе се урива, но дека пред тоа мора да се поминат сите предвидени процедури. Советот на општината на 28.02.2023 година одлучи да не даде дозвола за легализација на објектот и тој простор да остане како паркинг. Иако овој објект беше легализиран во 2017 година од тогашниот совет на општината, на 8 јуни 2023 година актуелниот совет на општината ја укина одлуката за легализација и ја стави во сила одлуката за уривање на објектот и уредување на паркингот. За ова решение сопственикот се жалел во втор степен. Но, денеска објектот беше срушен.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...