fbpx

Гинеколог од Прилеп обвинет за смрт на родилка

-

Основното јавно обвинителство – Прилеп до надлежниот основен суд поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, информираа од обвинителството. На обвинетиот му се става на товар дека сторил тешки дела против здравјето на луѓето.

Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување лекарска помош – породување на сега починатата С.Б. од село Беровци – Прилеп, постапувал несовесно.

„При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејства и не интервенирал навремено при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на ненавремено преземање соодветни дејства, здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува поради значително губење крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој не бил успешен и не можело да се спречи понатамошното крвавење. И покрај сите преземени дејства, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок, настанат заради обилното крвавење“, пишува во соопштението на Основното јавно обвинителство од Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...