fbpx

По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

-

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство.

„Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“, информираат од министерството.

Неговата мајка, жителка на Желино, почина во петокот вечерта, откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато.

Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински протокол, но наскоро жената паднала во кома. Лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но тоа било безуспешно.

На родилката тоа ѝ била втора бременост.

На скопската Клиника за гинекологија, ноќта меѓу 21 и 22 септември, починале четири бебиња во инкубатори. И за овој случај комисијата формирана од Министерството за здравство утврдила дека биле запазени медицинските процедури, а новороденчињата била во група со висок ризик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...