fbpx

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

-

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си.

Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од куќата во Џиндајрис. Задобила полесни поверди и била пренесена во болница во Африна, која што е поддржувана од Сириско-Американското медицинско здружение (SAMS). Малку подоцна го родила Аднан. Потоа биле пуштени дома.

Но по само три дена, куќата во Џиндајрис целосно се разрушила. Аднан бил вратен во болницата „Ал Шифа“ во Африн во критична состојба, крајно дехидриран и со жолтица, додека Дима добила лекарска грижа за сериозни повреди на долните екстремитети.

Надежта за малечкиот Аднан е голема, известува Би-би-си.

Педијатарот Абдулкарим Хусеин ал-Ибрахим за британскиот јавен радиодифузен сервис вели дека бебето добро реагира на медицинските третмани.

„Состојбата на Аднан значително се подобри. Сега само го храниме и ги обезбедуваме неговите други потреби преку инфузија“, објасни лекарот вчера.

Неговата мајка Дима е отпуштена од болницата и сега се во шатор со нејзиниот сопруг Абдул Маџид и нивните девет внуци и внуки. Дима патува секој ден до Африн за да го посети своето чедо Аднан. Била приморана да се врати на урнатините бидејќи немало соодветно сметување во Џиндајрис, едно од најтешко погодените население места на северот на Сирија, којшто е контролиран од опозицијата.

Фото: SAMS

Таа и нејзиниот сопруг не добиле никаква хуманитарна помош од земјотресот, исто како десетици илјади други.

Дури и пред катастрофата, 4,1 милиони луѓе – најголемиот дел од нив жени и деца – се потпирале на хуманитарнатапомош во регионот, којшто останува едно од последните упоришта на џихадистите и бунтовниците што веќе 12 години се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува Би-би-си.

Бројката на загинати во земјотресите во понеделникот со магнитуда од 7,8 и 7,5 степени и последователните над 1.000 потреси во деновите што следеа, досега во југоисточна Турција и северозападна Сирија веќе надмина 35.000, извести „Асошиејтид Прес“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...