fbpx

Починала родилка во Тетово, бебето преживеало

-

Триесетгодишна родилка од селото Желино починала синоќа откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато. Бебето било извадено живо од нејзината утроба.

Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински протокол, но наскоро жената паднала во кома, а бебето е транспортирано на Детска клиника во Скопје. Лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но тоа било безуспешно.

На родилката тоа ѝ била втора бременост.

На скопската Клиника за гинекологија  ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица, починале четири четири бебиња во инкубатори. За овој случај комисијата формирана од Министерството за здравство утврдила дека биле запазени медицинските процедури, а новороденчињата била во група со висок ризик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...