Доктор Илир Демири e нов директор на Клиничката болница Тетово 

Министерот за здравство денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за ковид-19 центарот

-

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор на ковид-19 центарот, информираа од Министерството за здравство.

Доктор Демири е специјалист инфектолог, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.

„Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните“, велат од Министерството за здравство.

Пред пет дена, в.д. директорот на Клиничка болница Тетово, Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршуваше од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците.

„Од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово“, извести Вела.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...