Арсовска повторно смени директор, овојпат на ЈП Водовод и канализација

Откако е дојдена на позицијата, Арсовска има назначено и сменето повеќе од 35 директори на претпријатијата кои се под надлежност на Град Скопје

Фото: Мета.мк

Во наредниот период ЈП Водовод и канализација реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието. Со вакво образложение градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска постави нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација.

Арсовска го смени Драган Илиевски, кој пред да стане директор на ЈП Водовод и канализација беше на позицијата в.д директор на ЗОО Скопје. Со новата смена, за директор на јавното претпријатие е назначен Виктор Панчевски.

„Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“, велат од Град Скопје.

Откако е дојдена на позицијата, Арсовска има назначено и сменето повеќе од 35 директори на претпријатијата кои се под надлежност на Град Скопје.