fbpx
Таг: ЈП Водовод и канализација – Скопје

таг: ЈП Водовод и канализација – Скопје

Комплексот кај Ректоратот на УКИМ утре без вода

Комплексот на општествени факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре од 9 часот наутро ќе остане без водоснабдување. За ова информираше Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Од таму велат дека причината за прекинот на водоснабдување е уличен дефект ф-150 мм на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Правниот факултет при УКИМ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато...

„Пиши – бриши“: Водовод и канализација сега тврди дека во Скопје утре ќе има вода

Откако во текот на вчерашниот ден, на профилот на Фејсбук на „Водовод и канализацијa“ беше соопштено дека речиси цело Скопје ќе остане без вода поради интервенција на главната водоводна цевка во Рашче, од претпријатието ја демантираа информацијата, со тврдење дека „неовластени лица објавувале и ширеле неточни и непроверени информации“. „За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа...

Утре од 17 часот речиси цело Скопје ќе остане без вода

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација соопшти денеска јавното претпријатие Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче. Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна...

Арсовска повторно смени директор, овојпат на ЈП Водовод и канализација

Во наредниот период ЈП Водовод и канализација реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието. Со вакво образложение градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска постави нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација. Арсовска го смени Драган Илиевски, кој пред да стане директор на ЈП Водовод и канализација беше на позицијата в.д директор на ЗОО...

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички...

УХМР најавува невреме за утре, црвено предупредување и во Србија

Силен дожд, ветер и грмежи низ земјава, особено во попладневните и вечерните часови, најави за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува. „Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и...

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето во некои општини. Според најновите...

Молк од скопски „Водовод“ за загубите на вода за пиење кои достигнуваат 60 отсто

Нетранспарентен однос од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кое повеќе од еден месец не сака да одговори на прашањата на Мета.мк во однос на тоа што преземаат за да се намали постојниот процент на загуби на вода за пиење во скопскиот водоводен систем. Процентот на неприходувана вода за пиење за 2022 година во Скопје останува непознат, бидејќи од...

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се...

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои требаше да бидат потпишани од...

Скопјани може да добијат повисоки сметки за вода, одлуката зависи од градскиот совет

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука минималната цена на водата за пиење во Скопје да изнесува 31,53 денари за метар кубен, а максималната 34,82 денари, информираат од РКЕВУ. Овој предлог е доставен до ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, кој во рамките на минималната и максималната тарифа, треба да донесе своја одлука и да ја достави на одобрување...

Скопски „Водовод“ есенва ќе нема акција за плаќање на заостанатите сметки без камата

Скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ годинава нема да организира акција за граѓаните и компаниите за плаќање на заостанатите сметки на рати без камата. Вакви акции имало во минатите години, па така во есенскиот период во 2018 и во 2020 година била спроведена оваа можност за да се подмири под поволни услови заостанатиот долг од корисниците. „Оваа година ЈП „Водовод...

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на изведба на пречистителната станица...

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да...

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева,...

Финансиска полиција и ОЈО по допрен глас влегле во скопското ЈП „Водовод и канализација“

Тимови на Финансиската полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал од вчера, по допрен глас вчера влегле во ЈП Водовод и канализација, за да го проверат тендерот за Пречистителната станица. Оваа информација ја потврдија новиот директор на јавното претпијатие Марјанчо Митовски и градоначалничката Данела Арсовска. Митовски истакна дека постапката за прочистителната станица на никаков начин не е загрозена и евалуацијата...

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

Разрешениот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински повикувајќи се на соопштение од Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја  демантира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, велејќи дека секој чекор на претпријатието со кое раководеше е во согласност со правилата и процедурите. Тој на својот Фејсбук профил истакна мислење од ЕИБ дека за проектот за изградбата на Пречистителната станица за...

Перински контра Арсовска за Пречистителната станица

И Европската инвестициска банка е против барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која побара да ги сменам членовите на Евалуциската комисија за тендерот за изградба на Пречистителната станица, соопшти разрешениот в.д директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, откако денеска Град Скопје соопшти дека е тој разрешен. Образложението беше дека дошло до нерегуларности во постапката за тендерот...

Водовод и канализација денеска ги проверува шахтите и ја чисти атмосферската канализација

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје соопшти дека од утрово биле повторно на терен, вршат проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација по големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион вчера. Оттаму велат дека интервенирале на сите улици во градот и на критичните места: бул. Гоце Делчев кај Мавровка и кај МРТВ, подвозникот...

Рушиме рекорди, во летниот период потрошувачката на вода за пиење се зголемува за 15 отсто [инфографик]

Општата хидролошка состојба во државата не е поволна, а тоа се одразува и на издашноста на изворот „Рашче“ од каде Скопје се снабдува со вода за пиење. Во моментов, двете каптажи на изворот „Рашче“ даваат околу 3.600 литри во секунда, информираат за Мета.мк од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. И покрај намалената издашност поради сушниот период, во периодите...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....