fbpx

Во новиот буџет има 813.000 евра за експропријација за непречена гасификација

-

За гасификацијата за следна година се предвидени близу две милијарди денари, (околу 30 милиони евра) одговори премиерот Зоран Заев, на прашање на „Мета“ колку средства се предвидени за оваа капитална инвестиција, чија што реализација годинава беше едвај 8 проценти од предвиденото.

– Во буџетот ставивме дополнителни 50 милиони денари (813.000 евра) за експропријација, за да работиме на делницата Гостивар – Кичево, која што ќе почне веројатно не порано од 2020 година. Така што гасификацијата ја има во буџетот, како што ја има и железницата, а патиштата се надвор од буџетот – одговори Заев.

Премиерот додаде дека изградбата на гасоводот се одвива на двата правци, едниот е спрема Кавадарци, Прилеп и Битола и таму, како што кажа, најголем дел од експропријацијата е решена и интензивно се гради. А се гради и на потегот Скопје-Тетово-Гостивар.

– Оваа година испроектиравме динамика, каде што, 54 проценти се решени имотно-правните односи од Гостивар према Кичево. Што значи дека понавремено ги решаваме работите. Сето тоа ми дава за право да верувам дека и гасификацијата ќе се одвива со засилено темпо – рече Заев.

Во однос на реализација на капиталните инвестиции очекува пораст заклучно со 31 декември, бидејќи како што рече, објективните причини за слабата реализација се надминати, а тоа се недоволен број на проекти и незавршени тендерски постапки.

Оттука, како што рече, не добиле сите министри повеќе пари од буџетот, бидејќи не заслужуваат во делот на реализација на капиталните инвестиции.

– Сега е време да се испорачуваат економски резултати и социјална праведност, како основи за подобар живот за сите граѓани. Пред нас е економска година во која парите на граѓаните уште повеќе ќе одат во проекти за поддршка на граѓаните во сите категории. Особено најранливите – рече Заев во однос на предлог-буџетот за 2019 година кој Владата го достави до Собрание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...