fbpx

Новороденче починало на пат од Куманово кон Клиничкиот центар во Скопје

-

Ноќеска во полициската станица Центар, кумановец пријавил дека новороденчето што на свет го донела неговата снаа, починало неколу часа по раѓањето.

Како што информираат од МВР, ноќеска, околу 2 часот, во полициската станица Центар во Скопје, 54-годишниот Н.Н. од Куманово пријавил дека во понеделникот вечерта во 22 часот, на одделот за гинекологија во кумановската болница била породена неговата снаа А.Г., која родила машко бебе.

Поради одредени здравствени причини, со возило на итна помош, новороденчето, во присуство на медицинска сестра и на доктор, било транспортирано до Клиничкиот центар во Скопје, на одделот за детски болести, каде околу 23.55 частот од дежурниот лекар било констатирано дека бебето било донесено починато.

Од МВР велат дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...