Петровска: Нема одлука и нема да има одлука за испраќање војници во Украина

-

Имаме одлука за испраќање на помош во опрема и вооружување за Украина согласно нивни побарувања, но земјава нема донесено одлука за испраќање војници, таква одлука нема ни да има, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на одбележувањето на денот на баталјонот на специјални сили на Армијата, додавајќи дека одлуките се носат во НАТО и тие се почитуваат од членките на Алијансата.

Земјава ќе испрати помош во воена опрема, рече министерката додавајќи дека ваквите информации се класифицирани и дека не може да се кажуваат детали.

„Како членка на НАТО земјава ги почитува и спроведува сите одлуки кои се носат во Алијансата во чие донесување и самата учествува. Се приклучивме кон санкциите кои беа изречени од страна на ЕУ, а кои ги поддржаа и други земји кои не се членки. Воената помош е одобрена согласно побарувањето од страна на украинските власти, a заради транспарентност дадовме куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Украина согласно капацитетите со кои располагаме”, рече министерката за одбрана.

Капациетот на АРМ не се намалува со оваа донација, која е направена согласно листата на украинските барања.

„Листата што беше испратена е практично испратена до сите сојузници и е многу голема, содржи многу ставки од различен профил. Она на што ние можевме да излеземе во пресрет, излеговме апсолутно“, појасни Петровска.

Во обраќањето пред војниците министерката рече дека со формирањето на Специјалните сили се означи и почеток на професионализација на Армијата која денес е целосно спроведена и секогаш подготвена да биде гаранција на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...