fbpx

Финска размислува за членство во НАТО, дели граница со Русија од над 1.300 километри

-

Финската премиерка Сана Марин во националниот парламент изјави дека размислува за членство во НАТО, доколку тоа е потребно за финската национална безбедност. Таа додаде дека војна од поголем обем денеска е многу поверојатна по подолг историски период. За почетокот на нападот на Русија врз Украина, премиерката Марин рече дека акцијата ќе има долгорочни последици по односите меѓу Финска и Русија, пренесува РТЛ.хр.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто за тамошните медиуми изјави дека Финска ќе учествува на денешниот виртуелен самит на НАТО во однос на ситуацијата во Украина. Тој додаде дека е важно што можноста да се аплицира за членство во НАТО останува отворена за Финска. Хаависто додаде дека Финска е важно да учествува заедно со Шведска на самитот на Алијансата, поради состојбата во Балтичкиот регион.

Инаку, Финска и Русија делат граница долга 1.340 километри, која на југ започнува на околу 170 километри од Санкт Петерсбург, и се протега кон север, сè до близина на рускиот пристаништен град Мурманск, кој е оддалечен од финската граница околу 180 километри. Низ историјата, Финска и Русија воделе војни во неколку наврати.

Според последното испитување на јавното мислење во Финска направено пред рускиот напад на Украина, 43 отсто од финските граѓани го поддржуваат членството на Финска во НАТО доколку претседателот и премиерот одлучат дека тоа е во интерес на Финска. Анкетата спроведена на примерок од 1.066 испитаници, објавена од весникот „Хелсингин Саномат“, вели дека 27 отсто од Финците се спротивставуваат на членството на Финска во НАТО. Дополнителни 30 отсто немаат донесено одлука по ова прашање, се наведува во анкетните резултати објавени на 16 февруари годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...