fbpx

Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната

-

Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага.

Градовите, вклучително и главниот град Киев, Харков и Херсон беа под силно гранатирање во последните денови. Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе ја обвини Москва за воени злосторства, откако таа изврши воздушни напади врз вториот град во земјата Харков, при што загинаа цивили.

Во средата, градоначалникот на Херсон рече дека руските сили ја презеле контролата врз клучното пристаниште – првиот голем град што го зазеде Москва откако ја нападна пред една недела.

Претходно оваа недела, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан рече дека планира да отвори истрага за настаните во Украина „што е можно побрзо“, но упатувањето од 39 земји – вклучително и Обединетото Кралство, Франција и Германија – овозможи таа да биде покрената без потреба за судско одобрение.

Тој ќе ги разгледа минатите и сегашните обвинувања за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид и ќе оди наназад до 2013 година, пред руската анексија на Крим што следуваше една година подоцна.

Во меѓувреме, ширум светот се организираат протести против руската инвазија. Си-Ен-Ен објави дека дури и Русите се борат да ја разберат војната во Украина велејќи: „Ние не го избравме ова“.

Деветнаесетгодишната Тасја стоела со своите пријатели на ладното утро во рускиот град Санкт Петерсбург, додека тие се придружувале на скандирањата на демонстрантите против руската инвазија на Украина: „Не на војната!“.

„Секогаш е побезбедно да стоиш заедно со другите… да гледаш преку рамо, во случај да треба да трчаш“, рече Тасја, која побара нејзиното презиме да не се користи поради нејзина безбедност. Во одреден момент, Тасја рече дека нејзините пријатели го напуштиле протестот за да одат дома или на друго место да се загреат, оставајќи ја да стои сама на улица.

„Потоа група полицајци помина покрај мене… и одеднаш еден од нив ме погледна, а потоа се свртеа, тргнаа кон мене и ме приведоа“, рече таа за протестот на 24 февруари.

Протестите продолжуваат ширум Русија, бидејќи младите граѓани, заедно со средовечни, па дури и пензионери, излегуваат на улиците за да се изјаснат против воениот конфликт нарачан од нивниот претседател – одлука за која, како што тврдат, немале право на глас.

Сега, тие го наоѓаат својот глас. Но, руските власти имаат намера да го затворат секое јавно несогласување против нападот врз Украина. Полицијата ги задушува демонстрациите речиси исто толку брзо како што тие се појавуваат, влечејќи некои демонстранти, а грубо подигајќи ги другите.

Полицијата во Санкт Петербург уапси најмалку 350 антивоени демонстранти во средата, со што вкупниот број на приведени или уапсени демонстранти е 7.624 од почетокот на инвазијата, според независна организација која ги следи кршењата на човековите права во Русија.

Против воената операција на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, иако сè уште е ограничен, доаѓа од некои неочекувани места.

Еден од најбогатите луѓе во Русија, бизнисменот милијардер Михаил Фридман, кој е роден во Украина, го нарече насилството „трагедија“, додавајќи дека „војната никогаш не може да биде одговорот“ – но тој престана директно да го критикува Путин, според Financial Times.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...