„Дизни“ ги запира сите бизниси во Русија како последица на нападот над Украина

Фото: The Walt Disney Company Europe, Middle East, and Africa, Јавен домејн, Викимедија комонс

Компанијата „Волт Дизни“ ќе ги суспендира сите свои бизниси во Русија проследувајќи ги последните настани од, како што посочуваат, неиспровоцираната воена инвазија на Украина, пренесува Варајети.

Дизни ги обзнани своите планови за запирање на прикажувањето свои филмови во Русија, но овие се дополнителни чекори ко ги презема за намалување и целосно запирање на сите операции во руската држава. Компанијата има неколку канали и брендирани производи за широка потрошувачка низ Русија, како и пристаниште за крстарење во Санкт Петербург.

И покрај запирањето на работните активности во земјата, од компанијата истакнуваат дека сите досегашни вработени и нивни колеги во Русија ќе продолжат да се дел од нивната фирма.

„Ние продолжуваме да соработуваме со нашите невладини партнери за да обезбедиме итна потребна помош за бегалците кои ја напуштаат Украина“, истакна во својата изјава потпаролот на компанијата.

Изминатиов период Русија се соочи со бројни супсензии и ограничувањаи од страна на други големи компании како „Нетфликс“, „Оракл“, „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“, „Икеа“, а исто така забрането е учеството во некои од спортските и музички натпревари како ФИФА и УЕФА и настапот на Евровизија 2022.