fbpx

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

-

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви.

Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот информативен сервис на Украина, ukrinform.net.

Изгледа дека забавува напредувањето на гигантскиот конвој на руската армија кон Киев, и тоа поради недостиг на храна и гориво, според разузнавач од САД. Би-би-си пак јавува дека конвојот е околу 30 километри од центарот на Киев и споро се движи поради украинскиот отпор и механички дефекти.

Во меѓувреме, руските вооружени сили во Украина го зазедоа клучниот пристанишен град Херсон, што е првиот голем град што е освоен од почетокот на инвазијата. Во Мариупол, којшто исто така е во редот на најголемите украински градови, се смета дека има стотици загинати, по многуте часови бомбардирање и гранатирање. Украинската армија тврди дека градот е се уште под нивна контрола.

Експлозии го потресуваа и Харкив, вториот по големина град во Украина, во близина на границата со Русија.

Се смета дека од почетокот на инвазијата на вооружените сили на Руската Федерација, на 24 февруари, околу милион Украинци ја напуштиле својата земја како бегалци, проценува ООН. Бројката бргу расте.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг почна судска истрага за можни воени злосторства.
Во изминатово деноноќие и Русија првпат официјално ги соопшти своите загуби, јавува Би-Би-Си. Според официјалните податоци, загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.

Во моментов освен Крим, руските вооружени сили го контролираат и регионот на Херсон, што е копнениот дел на кој се надоврзува полуостровот Крим. Тука се и Луханскиот и Донецкиот регион, што всушност се вон целосна контрола на Украина уште од 2014 година, и коишто се прогласија за независни држави, а Русија ги призна во втората половина на февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...