Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за дискриминацијата со која што се соочуваат студентите на факултетите во земјава.

Во најновата епизода на „Шорткат“ донесуваме информации и за третото издание на Хакатонот за отворени податоци којшто и годинава го организира Фондацијата Метаморфозис, но и за реакциите од целиот свет на нападот на Русија врз Украина којшто започна на 24 февруари.

Новото, 26-то издание на „Шорткат“ ќе може да се погледне вечерва во 19:00 часот на нашите канали на ЈутјубФејсбук и Инстаграм.