fbpx

Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

-

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони.

„Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од 36 држави“, наведено е во соопштението кое го објави Ројтерс.

Како што е прецизирано, ограничувањата се однесуваат на авио-превозниците од следните земји: Австрија, Албанија, Ангвила, Белгија, Бугарија, Британските девствени острови, Велика Британија, Унгарија, Германија, Гибралтар, Грција, Данска (+Гренланд, Фарски Острови, Територијално море), Џерси, Ирска, Исланд, Шпанија, Италија, Канада, Кипар, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка Република, Шведска и Естонија.

Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници, Министерството за надворешни работи апелира, нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сѐ уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...