четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кибер напади | 14 резултати

Петровска: Целта на хибридните напади е да предизвикаат паѓање на прозападните влади

март 15, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Клик Плус на ТВ21 вчера зборувајќи за кибер-заканите и дојавите за поставени бомби во институциите истакна дека целта на овие хибридни закани, е да се предизвика пореметување на мирот и стабилноста на Балканот и да се внесе несигурност, страв и паника кај населението. „Најчесто целта на хибридните војни […]

Безбедноста на Интернет зависи од нас, заштитете ги вашите лични податоци

февруари 7, 2023

Интернетот ни дава брз пристап до информации од секој агол на светот, ни овозможува да останеме информирани за глобалните настани, обезбедувајќи подобро разбирање на светот и поврзувајќи нѐ на нови и значајни начини. Сепак, и покрај поволностите кои ни ги нуди, овој простор овозможува закани. Постојат полесни патишта за злонамерни активности (хакирање, кражба на идентитет и […]

ЕУ и САД се обврзаа за засилена соработка во кибер безбедноста

декември 16, 2022

На 8-от ЕУ-САД Кибер-дијалог што вчера и денеска се одржа во Вашингтон, двете страни ги изразија своите заложби за засилување на кибербезбедноста и за засилена двострана соработка на тој план, соопшти дипломатската служба на ЕУ, односно Надворешна акција на ЕУ. Притоа, двете страни нагласија дека во тоа целосно ќе ги вклучат своите партнери, со акцент […]

Грковска: Сајбер безбедноста ни е приоритет

декември 15, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во нашата држава. На состанокот, Грковска ги поздравила активностите на Кралството Холандија за градење на силна мрежа за кибер безбедност. Се заблагодарила и за поканата на холандската амбасада, Северна Македонија да се приклучи кон GFCE-глобалниот […]

Тим на ФБИ ќе го истражува масивниот кибер напад на Црна Гора

септември 1, 2022

Тим за брзо распоредување составен од експерти на американското ФБИ се упати кон Црна Гора за да го истражи масивниот, координиран кибер напад врз владата на Црна Гора и нејзините служби, јавува Асошиејтед прес. Ваквата соработка со САД ја обзнани црногорското Министерство за внатрешни работи откако владините веб-страници станаа недостапни, вклучувајќи ги тие на и […]

Европската централна банка со предупредување до банките за можни кибер-напади од руските хакери

февруари 9, 2022

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките дека се можни кибер-напади од руски хакери во периодот на ескалација на тензиите со Украина, јавува Ројтерс. ЕЦБ ги подготвува европските банки за евентуален кипернапад спонзориран од Русија, додека се зголемуваат тензиите во врска со украинскиот конфликт. Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери […]

ФБИ ги предупреди атлетичарите да не ги носат своите телефони на Олимпијадата во Пекинг

февруари 2, 2022

Спортистите и посетителите кои се упатуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг да ги остават своите телефони дома и наместо тоа, да користат „привремени“ телефони, препорача Федералното истражно биро (ФБИ) во САД, пренесува „Би-би-си“. Препораката од ФБИ доаѓа после предупредувањата дека кибер-напади можат да ги нарушат настаните за време на одржувањето на Зимските олимписки игри. […]

Дијалози за глобална сајбер политика, со фокус на Западен Балкан

мај 11, 2021

На 15 април, Observer Research Foundation America во партнерство со Министерството за одбрана на Северна Македонија, Министерството за надворешни работи на Холандија и Фондацијата Метаморфозис, беше домаќин на Дијалози за Глобална сајбер политика: Западен Балкан. Настанот беше организиран со цел поттикнување понатамошни дискусии за градење на капацитетите на Западен Балкан за решавање на клучните сајбер […]

Германија го активира механизмот на ЕУ за кибер-санкции – предлага мерки против руските хакери

јули 13, 2020

Официјален Берлин побара примена на новиот механизам на ЕУ за санкции поради кибер напади, во врска со хакерскиот напад на ИТ системот на Бундестагот (германскиот парламент) во 2015 година. Ова ќе биде прв случај на активирање на механизмот на ЕУ усвоен во 2017 година, јави Германската новинска агенција, а нападот на Бундестагот пред пет години […]

Меј ја обвини Москва за мешање во британските избори

ноември 14, 2017

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј ја обвини Москва дека се мешала во британските парламентарни избори, што се одржаа на почетокот на јуни, оваа година и дека вршела кибер-шпионажа, пренесува „Би-би-си“. Во обраќање пред бизнисмените на собир во Лондон, Меј рекла дека владата на рускиот претседател, Владимир Путин се обидува да ги „поткопа слободните општества“. […]

Страна 1 од 1