fbpx

ЦГК: Активната транспарентност на институциите годинава е подобрена

-

Просечната активна транспарентност на институциите е подобрена за 10 процентни поени во 2022 година во однос на лани, покажува редовното годишно рангирање на Владата, министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер. Во рангирањето се вклучени 98 институции од земјава, односно Владата, сите министерства и сите општини, информираат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 проценти од максимално можни 100 проценти. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 проценти од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, а на општините 70 отсто. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

„Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 проценти, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност. Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 проценти исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери меѓу општините: Битола, Валандово и Карпош“, се наведува во соопштението на ЦГК.

Меѓу регионите, во делот на активната транспарентност на првото место изби Југоисточниот Регион (со 84 проценти активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот Регион (со 56 проценти активна транспарентност).

Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите, и тоа општините споделуваат само 56 проценти од можни 100 проценти, додека министерствата 82 од можни 100 проценти.

На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините годинава одговориле во просек за 12 дена, додека лани одговорите ги испратиле во просек за 17 дена. Идентично како и лани, министерствата годинава на барањата одговориле за 16 дена. Притоа, 93 проценти од институциите одговориле во рамките на максималниот законски рок од 20 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...