„Комунална хигиена“-Скопје го осуди вербалниот напад врз новинарката од Мета, ќе има дисциплинска одговорност

-

Откако на 15 август во населбата Кисела Вода двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вербално ја нападнаа новинарката Илинка Иљоска вработена во новинската агенција Мета и се обидоа да ја спречат при вршење на работна задача, денеска се огласија од ова јавно претпријатие.

„Најостро го осудуваме вербалниот напад врз новинарката на новинската агенција “Мета” која си ги извршувала своите обврски. Против вработените, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе поведе соодветна дисциплинска постапка“, наведено е во одговорот кој Мета.мк го доби од ова јавно претпријатие.

Од ЈП „Комунална хигиена“ додаваат дека ги охрабруваат сите медиуми и јавноста будно да ја следат работата на „ЈП Комунална хигиена“-Скопје и дека за сите прашања остануваат отворени и транспарентни.

Пред четири дена, кога се случи вербалниот напад, веднаш реагираше Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Покрај тоа што од ЗНМ обезбедија правна помош за новинарката Иљоска, тие од „Комунална хигиена“-Скопје побараа да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз новинарката. Исто така, од оваа институција упатија барање и да направи план за активности за едукација на вработените на теми од јавен интерес и однос кон граѓаните, бидејќи не е прв пат од „Комунална хигиена“-Скопје да реагираат на ваков или сличен начин кон граѓаните.

Вербалниот напад е пријавен во полиција и се очекува Одделението за насилен криминал да го испрати предметот до надлежното обвинителство.

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...