вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: закани кон новинарите | 14 резултати

Српскиот претседател Вучиќ тужеше новинарки, па ја повлече тужбата

17 март 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ тужеше новинарки за две емисии од познатата документарна серија „Владетел“, која се емитуваше во 2020 година на телевизијата N1. Дводелниот документарен серијал „Владетелот“, на авторскиот тим составен од Славиша Лекиќ (автор), Јована С. Полиќ (режисер) и Сања Лончар (монтажер), ја прикажува турбулентната политичка биографија на Александар Вучиќ и како што се […]

УНЕСКО: Во 2022 година се убиени 86 новинари и медиумски работници во светот

17 јануари 2023

Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите. Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да […]

ЗНМ и АВМУ со осуда за заканите упатени кон телевизијата Канал 5

16 јануари 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираше и ја осуди заканата кон новинарите и медиумските работници од телевизијата Канал 5 која била упатена од страна на лице на социјалната мрежа Фејсбук. Телевизијата вчера објави дека во коментар на социјалната мрежа од профил именуван Роберт Елбанасов добиле навреди, но и сериозна закана, во која, меѓу […]

ЗНМ поради навредите кон новинарката Додевска бара оставка на директорот на топланата Скопје Север

26 ноември 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше за инцидентот во кој директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, грубо ја навредувал и ја омаловажувал новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. ЗНМ бара Рамадани по овој скандал да си поднесе оставка „Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани […]

„Комунална хигиена“-Скопје го осуди вербалниот напад врз новинарката од Мета, ќе има дисциплинска одговорност

18 август 2022

Откако на 15 август во населбата Кисела Вода двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вербално ја нападнаа новинарката Илинка Иљоска вработена во новинската агенција Мета и се обидоа да ја спречат при вршење на работна задача, денеска се огласија од ова јавно претпријатие. „Најостро го осудуваме вербалниот напад врз новинарката на новинската агенција “Мета” која […]

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

15 август 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во „Комунална хигиена“ – Скопје (КХС) кон новинарката Илинка Иљоска од новинската агенција Мета, коишто се случиле утрово во скопската населба Кисела Вода. „ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз […]

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

25 октомври 2021

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот […]

Вебинар на ЗНМ за системска заштита на медиумските работници/чки, претставникот на МВР не се појави

12 февруари 2021

Само преку конкретни измени на Кривичниот законик и на Законот за кривична постапка преку давање на поголема надлежност на обвинителството и на МВР да постапуваат по службена должност и преку зголемување на казните кон напаѓачите, системски ќе се подобри безбедноста и политиката на неказнивост кон новинар(к)ите и медиумските работници/чки, беше заклучено на вчерашниот вебинар на […]

По новите напади врз новинарката Бурнс, ССНМ вели дека е време тие да се третираат по службена должност

24 јули 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува онлајн нападите и заканите по безбедноста на новинарката Мирослава Бурнс. Бурнс вчера пријавила до ССНМ низа онлајн напади преку социјалната мрежа Фејсбук, кои се закана по нејзината безбедност, а следувале по нејзиното објавување на текст за организирање свадба во ресторан во Тетово, што е […]

Беголи: Пандемиjaта направи новинарите во Косово да се под силен финансиски, физички и психолошки притисок

26 јуни 2020

Гентиана Беголи, претседателка на Здружението на новинари на Косово (ЗНК), во интервју во рамките на низа интервјуа од земјите од регионот во врска со ефектот на пандемијата врз медиумите зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат новинарите на Косово. Во интервјуто за Portalb.mk, Беголи го потенцира негативното влијание на пандемијата врз финансискиот аспект на медиумите, […]

Страна 1 од 1