fbpx

Битиќи: Годинава ќе ја преполовиме инфлацијата, следната економски ќе закрепнеме

„Инфлацијата кај нас е увезена, па затоа што побрзо закрепнат економиите во земјите членки на ЕУ, толку поскоро и македонската економија ќе закрепне“, рече Битиќи 

-

Во оваа тековна 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата, а наредната ќе биде година на економско закрепнување со позитивен економски тренд, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за ТВ Стар од Штип.

„Европа, каде што ние припаѓаме, поточно во земјите на Европска Унија (ЕУ) и земјите аспиранти, заклучокот е еден, дека добро се справивме со енергетската, и економската криза и дека тоа ќе има ефект во намалување на инфлацијата, не само кај нас туку секаде во Европа“, рече тој.

Тој потенцира дека инфлацијата кај нас е увезена, па затоа што побрзо закрепнат економиите во земјите членки на ЕУ, толку поскоро и македонската економија ќе закрепне.

„Оваа година ќе ја преполовиме инфлацијата од таа што ја имавме минатата година, и ако не се случат големи непредвидливи случувања со војната во Украина, оваа година ќе имаме закрепнување“, изјави Битиќи.

Тој се осврна и на актуелните теми од економијата, посебно на последните замрзнувања на цените, за кои рече дека се мерки со кои државата го штити граѓанинот од општествената неодговорност на некои економски чинители.

„Краткорочниот ефект на замрзнувањето на цените е да им помогнеме на граѓаните да не бидат оставени сами носејќи го најголемиот товар од зголемувањето на цените, посебно после субвенционирањето на компаниите, кои и покрај добиените народни пари сепак ги покачија цените на основните продукти“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...