Фото: Суад Бајрами

Судијката Беса Адеми, денеска и официјално беше именувана за претседателка на Врховниот суд, откако даде заклетва пред членовите на Судскиот совет. Порталб.мк реализираше ексклузивно интервју со судијката Адеми, првата Албанка која ќе седне на фотелјата на највисокиот суд на Северна Македонија.

Во првото интервју за медиумите, откако беше именувана за претседателка на Врховен, Адеми вели дека нејзин најголем предизвик ќе ѝ биде враќањето на довербата на граѓаните во судскиот систем, а приоритет ќе има спроведување на реформите, но и зајакнување на личниот и професионалниот интегритет на судиите. Што се однесува до застарувањето на предметите во Врховниот суд, претседателката Адеми ветува дека најпрво, согласно законските процедури, ќе ја констатираат состојбата, а потоа ќе започнат со законско санкционирање на судиите коишто наместо да судат, соработувале со различни криминални групи или им подлегнале на политичките влијанија. Новата претседателка, ветува дека со нејзиното доаѓање на чело на Врховен, овој суд ќе ги отвори вратите за новинарите и ќе биде целосно транспарентен. 

Порталб.мкШто ве натера да се кандидирате за Претседателка на Врховниот суд? 

Беса Адеми: За мене најголемиот предизвик е враќањето на довербата на граѓаните  во независен и професионален судски систем. Овој процес е започнат, но, за жал не е завршен и разбирливо е зошто граѓаните не веруваат во судскиот систем. Врховниот суд, како највисок суд, треба да биде пример за тоа како се обезбедува  единствено спроведување на законите и како се почитува рамноправноста помеѓу граѓаните. 

Порталб.мкКако ја гледате ситуацијата со судскиот систем во Република Северна Македонија? 

Беса Адеми: Состојбата е таква што налага силно залагање за подобрување и унапредување на сите процеси во судските институции. Претходните години се преземени сериозни чекори овозможувајќи самостојност и независност во одлучувањето на судиите, без политичко влијание на извршната власт. 

Но, ова не е доволноТреба да се работи во правец на зајакнување на личниот и професионалниот интегритет на секој судија и секој вработен во институциите што се дел од судскиот систем. 

Порталб.мкКако го оценувате спроведувањето на реформите во судството коишто Европската Унија ги бара со години? 

Беса Адеми: Во 2015 година, Европската Унија преку група искусни експерти го објави вонредниот извештај, што имаше за цел да ја утврди состојбата во нашата држава предизвикана од аферата со незаконското прислушкување на комуникациите. Иако овој скандал се случи во една од службите за безбедност и разузнавање, УБК (Управа за безбедност и контраразузнавање), тој сепак, исто така изнесе на виделина бројни незаконски и неетички постапувања во судскиот систем. Токму поради тоа, и итните реформи кои беа поставени како приоритет пред нашата држава, реформата во судството беше подвлечена како клучна реформа со чие спроведување треба да се гарантира владеењето на правото и правната државаРеформите се одвиваат со значително темпо, но јас сметам дека можеме да се ангажираме уште повеќе и да придонесеме да се гарантира правна сигурност за секој граѓанин. 

Порталб.мкШто ќе ви биде приоритет во текот на мандатот? 

Беса Адеми: Довршување на реформите во судскиот систем, вклучувајќи го и зајакнувањето на интегритетот на судиите и стручните соработници, кои треба да претставуваат респектабилни и чесни претставници на правдата. 

Порталб.мк: Како ќе го третирате прашањето со застарувањето на предметите и дали ќе дозволите тие да „дремат“ со години во Врховниот суд? 

Беса Адеми: На почетокот, со постапка која е предвидена со законските правила и во вид на извештај ќе ја констатираме состојбата, а потоа ќе започнеме со законско санкционирање на судиите коишто наместо да делат правда, соработувале со разни криминални групи или подлегнале на политички влијанија. 

Порталб.мкДали вратите на Врховниот суд ќе бидат отворени за медиумите (новинарите) 

Беса Адеми: Се разбира. Транспарентноста и отчетноста се дел од начелата на моето работење и верувам дека ова е еден од начините како не треба да дозволиме  исклучување од реалноста и изолирање во сопствени кругови. 

Која е вашата порака до граѓаните коишто со вашето именување очекуваат да се променат работите во Врховниот суд? 

Беса Адеми: Промените се можни и тоа ќе го направиме, пред сè заради чесните и совесни колеги и заради граѓаните коишто заслужуваат да живеат и да работат во правна држава која гарантира владеење на правото и спроведување на законите. 

Биографијата на судијката Беса Адеми 

Беса Адемие родена на 23.01.1964 во Скопје каде што актуелно и живее. Таа дипломирала во Правниот факултет во Скопје во 1990. Правосудниот испит го има положено во Скопје на 08.04.1993 годинаГовори англиски јазик и е член на Комисијата за правосуден испит. 

Адеми на 15.12.1990 година почнала како приправничка-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 08.02.1994 станала стручен соработник во тој суд. Во периодот од 09.12.1999 до 14.06.2004 работела како заменичка на Државниот правобранителНа 15.06.2004 е избрана за судијка во Апелациониот суд каде што работела на предмети од цивилниот секторНа 07.07.2009 е избрана за судијка на Врховен суд. 

Положување заклетва на новата претседателка на Врховниот суд Беса Адеми; Фото: Суад Бајрами

Адеми откако ги исполни сите услови, се кандидираше за претседателка на Врховниот суд, и беше избрана од страна на Судскиот совет на 12 февруари 2021 година со 12  гласа „за“ и 1 „против“Денесна 12.03.2021 положи заклетва за функцијата претседателка на Врховен и од денес, следните четири години ќе раководи со највисокиот суд во земјава. Адеми има право на уште еден, односно втор мандат од четири години по завршување на овој. 

Разговорот го водеше: Суад Бајрами, Порталб.мк