Прибе очекува промена во однесувањето на судските институции

-

Рајнхард Прибе и групата високи експерти по владеење на правото кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година од 5 до 7 декември биле во посета на Скопје за да направат увид во спроведувањето на препораките кои ги даде групата во однос на судските реформи, информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прибе имал средби со чинители во сферата на правосудството и владини претставници за да го оцени постигнатиот напредок и да ги посоветува властите како да остварат видливи резултати.

Тој потсетил на потребата следниот пакет измени на Законот за судови и на Законот за судски совет целосно да ги содржат веќе издадените и претстојните препораки од Венецијанската комисија и експертите од ЕУ.

„Прибе уште еднаш ја нагласи потребата да се обнови довербата во судските институции, особено преку конкретни мерки за зголемување на транспарентноста и за промена во однесувањето. Воедно, инспекциите на Системот за електронско распределување на судските предмети (АКМИС) треба да дадат конкретни резултати преку истраги од страна на Јавното обвинителство и проверка од страна на Судскиот совет. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да работат на препораките од групата високи експерти по владеење на право, особено оние кои се однесуваат на штитење на независноста на судството и на осигурување на неговата отчетност. Прибе ја нагласи и потребата да се спроведат препораките од оценската мисија за обуките во Академијата за судии и јавни обвинители“, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ.

Од таму додаваат дека посетата на Прибе е дополнување на помошта што ЕУ ја обезбедува за тековните реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, заедно со експерти од ЕУ што им помагаат на овие тела.

Прибе ќе ја извести Европската комисија во контекст на подготовките на следниот редовен извештај за земјата, кој ќе биде објавен во пролетта 2019 година.

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку...

Салмонела пронајдена во мострите од храна од која се затруле 38 лица во Прилеп

Во текот на месец јуни, до Институтот за јавно здравје е пристигната пријава за епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis, пишува во новиот месечен билтен за заразни заболувања кој...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе...