Лога вели дека за распуштањето на Судскиот совет ќе разговараат партиите во Собранието

„Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение“, изјави министерот за правда Лога

-

Најавените законски измени ќе треба да се донесат со консензус меѓу сите политички партии во Собранието, најави денеска министерот за правда Кренар Лога во однос на можноста со законските преодни одредби да се овозможи распуштање на Судскиот совет и престанок на мандатот на сегашните членови на Судскиот совет.

Министерот Лога рече дека ги осудува случувањата во Судскиот совет, додавајќи дека едно од можните решенија, за кои тој разговара со политичките партии, е со законски преодни одредби да има престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело.

„Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение“, изјави министерот за правда Лога.

Како одговор на новинарско прашање, министерот за правда Лога информираше дека сè уште не ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, кои тој ги побара по случувањата со разрешувањето на претходната претседателка Весна Дамева. Како што рече, не добиле записник од таа седница, а нема ниту објаснување зошто.

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

Министерот за правда го коментираше и последното истражување на ОБСЕ кое покажа поразителни резултати за правосудството, при што рече дека е загрижен за бројките и податоците не само од овој туку и од извештаите на сите други институции во државата и меѓународната заедница.

Поразителни бројки за судството: Судиите соочени со притисоци, не веруваат во Судскиот совет и не се чувствуваат безбедни

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради...