fbpx

Компјутерска измама: Во име на тројца радовишани аплицирал за кредити и им ги менувал банкарските податоци

Со податоците, стружанецот аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивните податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име

-

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднело кривична пријава против 31-годишниот П.С. од Струга, 51-годишниот З.А. од село Дедино, Општина Конче и 47-годишниот Ц.С. од Долно Оризари, битолско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“, „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „помагање“ во врска со кривичните дела“.

Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. преку Фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А. на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од тројца радовишани и му ги доставил на П.С. Со податоците, стружанецот аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивните податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички.

„Поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор Идризово, а мал процент задржувал за себе. Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првоосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички“, соопштија од МВР.

Со ваквите дејствија, П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на трите лица од Радовиш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...