сабота, 14 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: злоупотреба на лични податоци | 30 резултати

Обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци во име на Халкбанк

10 јануари 2025

Халкбанк АД Скопје информираше дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични податоци и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до македонските граѓани. Овие активности сè уште се актуелни, додаваат од таму. „Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни […]

Месечно по три лица сo обвинение за злоупотреба на лични податоци

21 март 2024

Во текот на минатата година, во основните јавни обвинителства низ државата биле примени 86 кривични пријави за Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик, од кои 39 биле решени со поднесено обвинение или предлог за издавање казнен налог, се вели во анализата на Јавното обвинителство. Во 2022 година, пак, во обвинителствата биле […]

Со лажно име отворила фирми, вработила луѓе и подигнала брзи кредити во нивно име

5 март 2024

Одделението за внатрешни работи Струга (ОВР Струга) при МВР поднесе кривична пријава против 45-годишната Р.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Таа во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, отворила две фирми во Струга, по […]

Пет илјади евра казна за фирмата и 2.100 евра за одговорниот што продаваа чаеви со ликот на д-р Пановски

9 февруари 2024

„Ширачите на лажни вести за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се осудени на правосилна пресуда“, објави денеска на својата страница на Фејсбук микробиологот д-р Никола Пановски. Тој вели дека пресудата за злоупотреба на личните податоци заради […]

Приведен кичевчанец – со туѓа лична карта се обидел да земе брз кредит

28 декември 2023

Вчера на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е., 28-годишен, од кичевското село Аранѓел. „Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист. При преглед кај него, полициските […]

Пријава против прилепчaнец за демнење и злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

12 декември 2023

СВР Битола поднело кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Прилепчанецот, според сознанијата на полицијата, на својот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство. […]

Скопјанец со кривична пријава, на Фејсбук злоупотребил лични податоци на сопругата

5 декември 2023

Ги злоупотребил личните податоци на сопругата за да напише коментари со навредлива содржина на Фејсбук профилот на сестрата на неговата сопруга. Поради ова, 40 годишен маж заработи кривична пријава за злоупотреба на лични податоци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради […]

Состојбата под закана на хакерите е помеѓу тензична и критична, тврди германската служба за безбедност

3 ноември 2023

Силната закана од сајбер криминал во Германија може да стане поголема со можната злоупотреба на алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT, се вели во новиот извештај на Службата за национална безбедност (BSI), пренесува германската новинска агенција ДПА. „Ситуацијата е меѓу тензична и критична“, оценуваат од службата. Во набљудуваниот период од 1 јуни минатата година до […]

Подигањето на свеста кај граѓаните за заштита на податоците – најдобра заштита од можни злоупотреби

19 октомври 2023

Информирањето за важноста на личните податоци во државата и начините како граѓаните да ги заштитат своите податоци, како и информирањето за улогата на офицерите за заштита на податоците, беа неколку од темите што се дискутираа на втората панел дискусија на конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“. Во фокус на […]

ДЕБАТА: Телефонот може да нè прислушува, ако не водиме грижа за сајбер хигиената

19 октомври 2023

Дали телефонот нè прислушкува беше атрактивното прашање што привлече големо внимание и дискусија од десетици млади на вечерашниот прв „Сајбер шејк“ настан што се одржа во просториите на Netaville во Скопје. Одговорот на прашањето за „прислушувањето“ е „ДА“, а притоа имаше многу „НО“ во одговорите на говорниците: Бајрам Али, ИТ советник на Азир Алиу, министер […]

Пријава за злоупотреба на лични податоци: користеле слики од доктори за онлајн продажба на чаеви

4 октомври 2023

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишно лице и фирма за злоупотреба на лични податоци. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во фирмата, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и […]

Пријава за кавадарчанка – со личната карта на мајка ѝ подигнала брз кредит

19 септември 2023

Гостиварското обвинителство поднело кривична пријава против Ш.А.(36) од селото Марена, кавадаречко, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против И.Н.(43) и Г.П.(30), двајцата од Гостивар, поради сомнежи за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според полицискиот билтен, на 2 октомври 2021 година кавадарчанката ја употребила личната карта на нејзината мајка во подружница на […]

Прилепчанец лажел жена дека ќе ѝ купи апартмани во Струга, ѝ изнудил 23.000 евра

19 септември 2023

Измама од 23.000 евра сторена преку мобилни апликации е пријавена во полицијата од жена, која била доведена во заблуда дека 41-годишен прилепчанец ќе ѝ помогне да купи три апартмани во Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи. „СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични […]

Тетовец злоупотребил Инстаграм профил на девојка му, заработи кривична пријава

6 септември 2023

Злоупотреба на Инстаграм профил во Тетово заврши со кривична пријава против 26-годишен жител на овој град. Иако ветил тој дека ќе ѝ го избрише профилот на Инстаграм на девојка му, таа летово открила дека нејзиниот профил е активен на Инстаграм и дека од тој профил дечко ѝ пишувал пораки на службениот профил на Инстаграм кој […]

Внимавајте кому и каде ја давате вашата лична карта: може да го злоупотребат вашиот идентитет, па дури и да земат кредит на ваше име

27 јули 2023

Податоците од личната карта претставуваат лични податоци што мора строго да се чуваат, бидејќи во спротивно може да се злоупотребат за различни цели. Експертите препорачуваат овие податоци да не се објават на интернет и личните карти да не се даваат на непознати лица, ниту на лицата што не се овластени да ги евидентираат или да […]

Компјутерска измама: Во име на тројца радовишани аплицирал за кредити и им ги менувал банкарските податоци

19 јуни 2023

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднело кривична пријава против 31-годишниот П.С. од Струга, 51-годишниот З.А. од село Дедино, Општина Конче и 47-годишниот Ц.С. од Долно Оризари, битолско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга […]

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

11 април 2023

Министерството за внатрешни работи (МВР) повторно предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажните пораки што наводно ги добиваат од оваа институција, односно од Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Оттаму појаснуваат дека деновиве пристигнуваат пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. Пораката е во вид на извесно […]

УЈП: Не отворајте СМС пораки кои ве повикуваат на задолжителна пријава

5 април 2023

Управата за јавни приходи (УЈП), на својот Фејсбук профил информира дека на граѓани им биле испраќани СМС пораки во кои се бара тие да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda. „Никако да не ја отворате оваа лажна веб-страница бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна […]

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

17 февруари 2023

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела […]

Офицер за заштита на личните податоци: Прво лице за контакт при остварување на нашите права според Законот за заштита на личните податоци

1 октомври 2022

Граѓаните имаат право да се обратат до лицето што ги обработува нивните лични податоци во случаи на нивна злоупотреба, несовесна употреба или употреба без согласност во различни секојдневни ситуации. За овие случаи, како и за воведување, следење и ажурирање на интерните механизми за заштита на личните податоци кај правните лица – обработувачи на лични податоци, […]

Страна 1 од 2