Со лажно име отворила фирми, вработила луѓе и подигнала брзи кредити во нивно име

Одобрените пари, пријавената потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби

Фото: МВР

Одделението за внатрешни работи Струга (ОВР Струга) при МВР поднесе кривична пријава против 45-годишната Р.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Таа во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, отворила две фирми во Струга, по што склучила договор за вработување со три лица. Таа потоа ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.

Одобрените пари потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби.

На тој начин, пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари, соопштија од МВР.