„Украдени животи“ – ново истражување на ИРЛ: Организирана група подигала брзи кредити во име на недолжни граѓани
23 декември 2024
Организирана група изработувала фалсификувани лични карти со кои биле злоупотребени личните податоци на македонски граѓани, а потоа биле користени за подигање на таканаречени „брзи кредити“. Ова го открива новиот истражувачки документарен филм „Украдени животи“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Во документарецот објавен вчеравечер, се открива дека групата со фалсификуваните лични карти отворала и банкарски сметки […]