fbpx

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Со нетрпение очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, проширување на рамката на нашето стратешко партнерство и соработка, како во евроатлантската димензија, така и на билатерален план, ѝ одговори Силјановска-Давкова на американската амбасадорка во земјава

-

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова.

„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, напиша амбасадорката.

Силјановска-Давкова ѝ се заблагодари за честитките и напиша дека со нетрпение очекува да се обнови духот на македонско-американските односи, проширување на рамката на заедничкото стратешко партнерство и соработка, како во евроатлантската димензија, така и на билатерален план.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади македонски тимови освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада

Млади ентузијасти за роботика се натпреваруваа на Глобалната спортска роботска олимпијада, каде два тима од скопската организација СТЕМ Академија достигнаа неверојатен успех. Во конкуренција со 1450 тимови од 36...