fbpx

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека чим стигне извештајот на ДИК за конечниот резултат, Митрески ќе ја закаже седницата за в недела во 12 часот

-

Инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова ќе се одржи во недела во 12 часот.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека откако ќе пристигне официјалниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК) за конечниот резултат од претседателските избори, Митрески ќе ја закаже седницата за во недела во 12 часот.

Рокот на ДИК за испраќање на конечните резултати до Собранието е до петок во 19 часот, а рокот за инаугурацијата е до 12 мај (недела) бидејќи тогаш му истекува мандатот на Стево Пендаровски.

Силјановска Давкова ќе положи заклетва пред стариот парламентарен состав. Потоа, Силјановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој ја предводеше победничката коалиција „Твоја Македонија“.

Според ДИК, со 99,96 отсто од гласачките ливчиња обработени, Силјановска Давкова освоила 560.744 гласови, односно 65,15 од гласовите, додека Пендаровски освоил 251.755 гласови или 29,25 отсто од вкупните гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Александар Сотировски на стрип фестивалот „Гран фест“ во Приштина

Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски од 17 до 19 мај учествуваше на традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ’ кој се организираше во Приштина , во Националната библиотека на Косово. Сотировски, на...