Сиљановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име
12 мај 2024
Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на Собранието Јован Митрески, ја читаше заклетвата што требаше да ја повтори претседателката Силјановска Давкова, таа ги пропушти зборовите Република Северна, и наместо тоа, рече само Македонија. […]