Шефот на дипломатијата, Димитров, ќе оди на инаугурацијата на Вучиќ

-

На инуагурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, како претставник на македонската влада, ќе присуствува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, велат од Владата на Република Македонија.

Во интервјуто за српската државна  телевизија РТС, Вучиќ најави дека на неговата инаугурација ќе присуствуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и, веројатно, премиерот Зоран Заев.

Заев, инаку, најави дека првите средби на новата влада ќе бидат со земјите во регионот, а беше критикуван поради двете интервјуа за српски медиуми, во кои го нападна токму Вучиќ.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...