Претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш по преземањето на функцијата во Белата куќа, потпиша указ против законот за здравствена реформа, познат како „Обамакер“, донесен од неговиот претходник Барак Обама.
Со указот, Трамп им наредил на државните агенции да го сведат на минимум „финансиското влијание на овој закон“.
Законот за реформи во здравствената заштита што го донесе Обама, а кој им дава можност на сите Американски да имаат здравствено осигурување, беше честа мета на критики од страна Трамп за време на неговата предизборна кампања.
Доналд Трамп вчера и официјално стана 45. претседател на САД.
„Проблемите со сиромаштијата, здравството, образованието, криминалот и дрогата сега ќе завршат. Заклетвата што денеска ја положувам е за Американците. Секоја одлука за даноците, надворешната политика, имиграцијата ќе биде во согласност со интересите на Американците. Никогаш нема да ве изневерам“, рече Трамп во својот инаугуративен говор.