Денот на инаугурацијата на Џо Бајден го одбележаа неколку моменти и личности кои со своите настапи или говори предизвикаа реакции и емоции во целиот свет. Но, иако не одржа говор, туку само седеше изолиран во позадина, не остана незабележан ниту сенаторот Берни Сандерс, кој благодарение на удобната облека што ја носеше и специфичната енергија, повторно стана ѕвезда во медиумите и на социјалните мрежи.
И додека за оваа пригода присутните гости се особено внимателни при изгледот и облеката, Сандерс церемонијата ја следеше значително оддалечен од останатиот дел од гостите заради одржување на дистанца, со прекрстени нозе, бледокафеава јакна и дебели ракавици на рацете и со тоа го привлече вниманието на оние кои од дома ја гледаа инаугурацијата, па сликата од неговата положба која укажуваше на удобност и топлина за брзо време стана вирална на интернет.
Сандерс набргу се „најде“ во различни мемиња, сценарија и средини, од серии како „Игра на троновите“ и „Пријатели“, па сè до некои од најпопуларните филмови како „Хари Потер“, „Војна на ѕвездите“, „Самрак“ и други.
— Professor Snape (@_Snape_) January 21, 2021
FINE. I'll do it. #BernieSanders #berniesmittens #BernieSandersMittens #GameOfThrones #friends #ParksAndRec pic.twitter.com/mJKsGNYnLn
— Sterling Arts & Design (@arts_sterling) January 21, 2021
Запрашан за облеката, Берни Сандерс за американските медиуми имал едноставно појаснување.
„Ние во Вермонт знаеме нешто за студот. И не сме толку загрижени за добрата мода. Само сакаме да се стоплиме“, рекол Сандерс.
Јавноста веднаш ја препозна јакната што тој ја носеше на инаугурацијата. Тоа беше истата јакна со која Сандерс и претходно стана „меме-ѕвезда“ уште додека беше во трка за демократски кандидат за изборите.
Но, највпечатлив елемент од неговиот изглед беа кафеаво-белите ракавици, за кои набргу се дозна дека ги добил од наставничка која живее и работи во Вермонт. Џен Елис, која им држи настава на ученици од второ одделение, ваквите ракавици ги изработувала од стари волнени џемпери и ги комбинирала со материјал од рециклирана пластика, а ги шиела на машина која ѝ ја подарила нејзината мајка.
Таа рекла дека вакви ракавици имаат сите нејзини роднини и пријатели и дека е почестена што Сандерс се одлучил да ги носи за оваа „пригода“.
„На инаугурацијата имаше луѓе кои носеа облека од светски познати дизајнери. А тука беше и Берни, со моите ракавици“, вели наставничката Елис.
I made Bernie’s mittens as a gift a couple years ago. They are made from repurposed wool sweaters and lined with fleece (made from recycled plastic bottles). #BerniesMittens pic.twitter.com/lTXFJvVy9V
— Jen Ellis (@vtawesomeness) January 21, 2020
По Денот на инаугурацијата многу луѓе побарале од Елис да им изработи исти ракавици, но таа е децидна дека нема во план да прави бизнис од нив.