fbpx

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Ако се погледне краткиот историјат на сите досегашни претседателски избори, скорот на Силјановска Давкова е трет по број на освоени гласови, после оној на Киро Глигоров од 1994 и на Борис Трајковски од 1999 година, пишува Вистиномер

-

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Сиљановска Давкова истовремено оствари импресивна доверба од гласачите со над 560 илјади освоени гласови. Сепак, ако се погледне краткиот историјат на сите досегашни претседателски избори, нејзиниот скор е трет по број на освоени гласови, после оној на Киро Глигоров од 1994 и на Борис Трајковски од 1999 година. Тоа е во апсолутна бројка на гласови, а ако се гледа во проценти, со освоени над 65 отсто Силјановска Давкова е на второ место.

Новиот претседател на Северна Македонија е првата жена на оваа функција и со тоа Гордана Силјановска Давкова апсолутно си заслужи знаменито место во историјата на македонската држава. Исто така, многу е впечатлив и нејзиниот изборен скор, односно претседателот Силјановска Давкова освои над 560 илјади гласови односно над 65 отсто од оние што гласале на претседателските избори.

Силјановска Давкова, сепак и со ваков импресивен резултат е на трето место во апсолутни бројки на освоени гласови на претседателските избори, зад поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, додека гледано во проценти е на второ место со освоени над 65 отсто од луѓето што гласале.

Глигоров (1917-2012), на двапати е избран за претседател на државата. Еднаш во првото повеќепартиско Собрание во 1991 година од втор обид, додека вториот пат во 1994 година на претседателски избори со непосредно гласање во два круга на кои учествуваше и претставникот поддржан од опозиција Љубиша Георгиевски. На овие избори Глигоров освои 715 илјади гласови од над 1,3 милиони излезени избирачи или освоил 78,4 отсто од гласовите.

Вториот изборен резултат по бројот на освоени гласови го држи претседателот Борис Трајковски, тогаш предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партија на власт, која подоцна се огради од него. Трајковски (1956 – 2004 г.), во вториот круг на претседателските избори во 1999 г. победи со освоени над 580 илјади гласови или над 53 отсто од излезените над 1,1 милион гласачи.

Во продолжение е табеларниот приказ на избраните претседатели во историјата на Македонија од 1994 до 2024 година според годината на изборите и освоените гласови (извори ДИК и Википедија):

Киро Глигоров Избори во 1994 година Освоени гласови 715.087 (78,4%)
Борис Трајковски Избори во 1999 година Освоени гласови 582.808 (53,2%)
Бранко Црвенковски Избори во 2004 година Освоени гласови 550.317 (60,52%)
Горѓе Иванов Избори во 2009 година Освоени гласови 453.616 (59,37%)
Горѓе Иванов Избори во 2014 година Освоени гласови 534.910 (55,28%)
Стево Пендаровски Избори во 2019 година Освоени гласови 435.656 (51.65%)
Гордана Силјановска Давкова Избори во 2024 година Освоени гласови 560.173 (65,14%)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Александар Сотировски на стрип фестивалот „Гран фест“ во Приштина

Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски од 17 до 19 мај учествуваше на традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ’ кој се организираше во Приштина , во Националната библиотека на Косово. Сотировски, на...