Казна за финансиско друштво за брзи кредити, злоупотребиле лични податоци и одобриле кредит

АЗЛП ги применила овие глоби за прекршоците врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци

-

Финансиско друштво за брзи кредити добило три парични казни во вкупен износ од 653.160 денари, а одговорното лице кај истото друштво добило три казни во износ од 55.347 денари поради издавање онлајн кредити без проверка на идентитетот на три лица, соопшти Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП). Казната, како што информираат оттаму, била изречена оти бил прекршен Законот за заштита на личните податоци, со злоупотреба на личните податоци на лица кои биле одобрени за кредит, без нивна согласност.

АЗЛП информира и дека казнето било и друштво за угостителство, туризам и трговија во износ од 380.109 денари, а на одговорното лице му била изречена казна во износ од 21.522 денари, оти им задржувале лични карти на физички лица.

Од Агенцијата направиле вонредна супервизија, откако тоа го побарале три физички лица, кои пријавиле задржување на личната карта од друштвото за угостителство, туризам и трговија како услов за плаќање на престојот.

АЗЛП ги применила овие глоби за прекршоците врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и обезбедување на согласност за обработка на лични податоци пред да бидат употребени за кредитни барања. Претходно, Народниот правобранител побара Министерството за финансии, да направи итна контрола во финансиските друштва кои издаваат брзи кредити.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...