fbpx

Вработените во МИА утре ќе излезат на предупредувачки протест, бараат повисоки плати

„Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум“, наведено е во соопштението на ССНМ

-

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки получасовен протест, со барање за зголемување на платите, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Протестот ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот.

„Протестот се организира со поддршка на ССНМ и на Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА). Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум“, наведено е во соопштението од ССНМ.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори.

Синдикатот ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници дава безрезервна поддршка на своите членови и на сите вработени новинари и медиумски работници во МИА и потсетува дека основен предуслов за слободно и професионално новинарство е стабилна социо-економска состојба на новинарите и медиумските работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...