fbpx

Руски олигарх под санкции на три земји отворил фирма за брзи кредити во Македонија

Рускиот бизнисмен Бојко се наоѓа на таканаречениот „Список на Путин“ на американското Министерство за финансии каде го зазема 17 место во групата од 96 олигарси кои го сочинуваат блискиот круг на рускиот претседател Владимир Путин

-

Контроверзниот руски бизнисмен Олег Викторович Бојко кој се наоѓа на листа на санкции на три држави поради поддршката на руската влада која изврши неиспровоцирана инвазија врз Украина, има фирма за брзи кредити во Северна Македонија. Како што пренесува Радио Слободна Европа, тој е санкциониран во Украина, Канада и Австралија.

Американското министерство за финансии го става Бојко на таканаречениот „Список на Путин“, на кој се наоѓаат руски олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин. Бојко поседува фирми за брзи кредити во над 30 земји низ светот.

Една од неговите фирми во Албанија беше поврзана со скандал со протекување на податоци на 600 илјади корисници на брзи кредити кои завршиле на „црн пазар“.
Тоа што е санкциониран од неколку земји и што дел од неговите фирми се вмешани во скандали, не го спречува Бојко да води бизниси во Северна Македонија.

Рускиот милијардер со италијанско државјанство, кој според „Форбс“ тежи најмалку 1,2 милијарди долари, во македонскиот Централен регистар отворил фирма за брзи кредити под името „Диџитал Фајнас Интернешнл“.

Во април минатата година е ставен на листа за санкции на Австралија, а од ноември и на Канада и Украина, поради „финансиска поддршка на руската влада која изврши инвазија врз Украина“, пишува на меѓународна датабаза „Опен Санкшнс“ (ОpenSanctions).

На „Списокот на Путин“ на американското Министерство за финансии, Бојко го зазема 17-тото место во групата од 96 олигарси кои го сочинуваат блискиот круг на Владимир Путин.

Во извештајот на американската разузнавачка служба презентиран во Сенатот во 2017 година, рускиот олигарх Бојко се нарекува „лице со загрижувачки врски со руската влада и руските безбедносни служби и вклучен во организиран криминал“.

„Молдавскиот печат објави дека Бојко е дел од операцијата поддржана од Кремљ за мешање во нивните избори“, открива извештајот кој е делумно доверлив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...