fbpx

Марјан Шокаровски е нов директор на државната кардиохирургија

Шокаровски е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во земјава, а вклучен бил и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап

-

За нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен доктор Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање, соопшти денеска Министерството за здравство.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блог и е ангажиран како асистент на Медицинскиот факултет – Скопје.

Како што информираа од Министерството за здравство, Шокаровски е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во земјава, а вклучен бил и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.