„Шорткат“ во тетовската библиотека каде се собираат капачиња од шишиња

Новите вести за млади ќе се емитуваат вечерва на сите социјални мрежи каде што сме присутни

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат пластични капачиња од шишиња кои потоа се рециклираат, а собраните средства, пак, се наменети за хуманитарни цели. Повеќе за ова ви носиме во вечерашната епизода на „Шорткат.“

Во вестите за млади информираме за најновото околу уписите во средно, како и за проблемите што родителите и наставниците ги имаат со електронскиот дневник во училиштата.

Од помалку убавите вести информираме и за штетните последици од повлекувањето на водата во Преспанското Езеро.

„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.