понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: рециклирање | 44 резултати

Рекорден раст на создадениот отпад од пакување во ЕУ

20 октомври 2023

Отпадот од пакување, вклучително и оној создаден од испораките на храна и други купувања преку Интернет, достигна рекордно високо ниво во Европската унија, објави вчера Евростат, пишува германската новинска агенција ДПА. Во 2021 година, секој човек што живее во ЕУ создал во просек по 188,7 килограми отпад од пакување, што е зголемување за 10,8 килограми […]

„Макс ван дер Штул“ е еколошки одговорна библиотека, Абдулахи: Дури и едно собрано капаче е вредно

23 јуни 2023

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат и одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат капачиња од пластични шишиња кои потоа се рециклираат, а пак собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во врска со […]

„Шорткат“ во тетовската библиотека каде се собираат капачиња од шишиња

22 јуни 2023

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат пластични капачиња од шишиња кои потоа се рециклираат, а собраните средства, пак, се наменети за хуманитарни цели. Повеќе за ова ви […]

АНАЛИЗА: Се „гушиме” во отпад – само 0,7 отсто од комуналниот се рециклира

4 април 2023

Само 30 отсто од општините ја исполнуваат обврската да доставуваат извештаи за состојбата со комуналниот отпад. На ниво на државата, за 13 години количината на комунален отпад се зголеми за околу 30 отсто. Во земјава официјално има околу 1.000 диви депонии, а неофицијално бројот е двојно поголем, пишува Порталб.мк. Ресорното министерство веќе мапираше регионални локации како […]

Дизајнерката Мирјана Јосифоска ја презентираше новата колекција на „Моден викенд Скопје“

28 декември 2022

Младата модна дизајнерка Мирјана Јосифоска синоќа во „Јавна соба“ ја презентираше нејзината најнова колекција „Циклус/Cycle“. Мирјана Јосифоска е млада модна дизајнерка со повеќегодишно искуство во изложби на своите креации, а позната е по своите рачно изработени шапки со занаетчиски техники кои се дизајнирани на видно уникатен начин и за кои во емисијата „Шорткат“ веќе објавивме […]

Повеќе од пет милијарди мобилни телефони ќе бидат фрлени како отпад годинава

14 октомври 2022

Годинава ќе бидат фрлени како отпад 5,3 милијарди мобилни телефони, вели Меѓународниот форум за отпадна електрична и електронска опрема, а јавува „Би-Би-Си“. Оваа проценка базирана на податоците за глобалната трговија го истакнува растечкиот еколошки проблем со таканаречениот „е-отпад“. Истражувањето покажало дека многу луѓе, наместо да ги рециклираат, ги чуваат старите мобилни телефони. Поради тоа, скапоцените […]

Утре на Школка се организира прв саем на социјални претпријатија кои нудат еко услуги/производи

30 септември 2022

Утре од 11 до 16 часот на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи првиот саем за социјални претпријатија кои нудат услуги и/или производи за намалување, реупотреба, селектирање и рециклирање отпад во организација на Биди Зелен  Bëhu i gjelbër – REduce, REuse, REcycle. „Потребата за организирање на ваков тип на настани е исклучително […]

Со лименка или пластично шише до влезница за музичкиот фестивал „Звукот на Скопје“

13 септември 2022

Дводневниот фестивал „Звукот на Скопје“ ќе се одржи на неколку локации низ Скопје на 16 и 17 септември. Организаторите најавуваат концерт на Дина Јашари, настап на српската евровизиска претставничка Констракта и „Земља грува“ и бендот „Хајка“. Првата вечер од фестивалот, како што се вели во соопштението, е во знакот на екологијата и поттикнувањето еколошки навики […]

Како да му дадеме „втор живот“ на текстилот, погледнете во новата епизода на „Шорткат“

21 јули 2022

Наместо да се рециклираат, облеката и другите ткаенини што повеќе не ги користиме, најчесто завршуваат на депониите измешани со друго ѓубре. Иницијативи за рециклирање на текстил кај нас речиси и да нема, но во новата епизода на „Шорткат“ претставуваме една ваква акција на Ана Тодоровска од „Второ Азно“, која на текстилот му дава втор живот. […]

Како да ѝ дадеме втор живот на старата облека – ефективни решенија за реупотреба на текстилот

21 јули 2022

Во периодите кога времето се стоплува е време кога правиме генерално чистење на домовите и на нашите ормари. Зимските алишта се заменуваат со летни, купуваме и нова облека, но што се случува со алиштата и обувките од текстил кои веќе нема да ги носиме? Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство […]

Студентите ќе рециклираат и ќе добиваат пари на студентска картичка [фото]

27 април 2022

Студентите кои се сместени во трите студентски домови во Скопје, од сега ќе можат да рециклираат пластика и лименки за што ќе добиваат надомест на својата студентска картичка. За таа цел, на иницијатива на студентите која ја прифатило раководството на домот, во влезовите во зградите на студентскиот дом „Гоце Делчев се поставени автомати за рециклирање, […]

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

15 март 2022

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се […]

Од пластични шишиња преку рециклирање до роботи, ракети и ајкули – се одржа еко работилницата „TRASH TO ART“

14 март 2022

Изминатите два дена, на 12 и 13 март во организација на „Еко лаб“ и „Џифони Македонија“ во просториите на Џифони се одржа кретивна еко работлиница наречена  „Trash to art“ („Од отпад до уметност“) за рециклирање на отпад во која учествуваа ученици на различни возрасти. Учесниците кои можеа да се пријават преку пополнување на бесплатна онлајн […]

„Кока-кола“ си постави цел една четвртина од шишињата до 2030 година да постанат реупотребливи

12 февруари 2022

По бројните критики на еколошките организации ширум светот, компанијата „Кока-Кола“ соопшти дека си поставиле цел – минимум 25 отсто од нејзините пакувања до 2030 година да постанат реупотребливи и еколошки, јавува Ројтерс. Ова значи дека барем четвртина од сите пакувања на пијалоците ќе бидат изработени од повратна стаклена и пластична амбалажа. Притоа, „Кока-Кола“ до 2030 […]

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

7 февруари 2022

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што […]

Комунална хигиена лани селектирала само 0,32 отсто од вкупниот отпад собран во Скопје

31 јануари 2022

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје во 2021 година успеало да селектира и балира 538,8 тони отпад, а вкупното количество на собран комунален отпад е 166.678 тони. Ова значи дека тие успеале да селектираат скромни 0,32 отсто од собраното ѓубре од контејнерите, додека преостанатите количества завршиле на скопската депонија „Дрисла“. Како што информираат за Мета.мк од […]

Општина Свети Николе не сака регионална депонија во Мечкуевци, под ризик да пропаднат 40 милиони евра

27 јануари 2022

Европската Унија (ЕУ) на земјава ѝ даде неповратни финансиски средства од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија по европски стандарди за Источниот и Североисточниот плански регион, но новото локално раководство на Општина Свети Николе пред самото распишување на меѓународниот тендер за нејзина изведба вели дека не се согласуваат да се гради проектот на […]

Порталб: Искористувањето на отпадот не е „утопија“, само треба да се препознае неговата вредност

24 јануари 2022

Чистите градови во Северна Македонија едноставно изгледа дека се „утопија“, а искористувањето на придобивките од отпадот, научна фантастика. Сепак, експертите од оваа област сметаат дека тоа е можно, пишува Порталб.мк. Правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата земја мора да ги исполни во рамки на Поглавјето 27 за животната средина, како предуслов […]

Иновативна еко-мисија за борба против загадувањето: „Креативноста е наше најмоќно оружје против отпадот“

23 јануари 2022

И покрај тоа што има повеќе иницијативи кои ја поттикнуваат граѓанската свест за рециклирање на отпад, сепак, поразителен е фактот дека најголем дел од македонските граѓани сè уште недоволно го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови, па така селектираната пластика изнесува само 1,8 отсто а останатиот дел често завршува во реките и […]

Нова епизода на „Шорткат“: Како се изработува накит од отпадна пластика

20 јануари 2022

Приказната на Елена Арсовска за изработка на накит од отпадна пластика, усвоеното барање од Град Скопје на студентите за целодневно работење на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, поднесеното барање од студентите до ЈСП-Скопје за продолжување на важноста на бесплатните билети до февруари се само дел од прилозите што ги донесува најновата епизода на емисијата „Шорткат“, која […]

Страна 1 од 2