Од пластични шишиња преку рециклирање до роботи, ракети и ајкули – се одржа еко работилницата „TRASH TO ART“

Фото: Фејсбук профил на Еко лаб

Изминатите два дена, на 12 и 13 март во организација на „Еко лаб“ и „Џифони Македонија“ во просториите на Џифони се одржа кретивна еко работлиница наречена  „Trash to art“ („Од отпад до уметност“) за рециклирање на отпад во која учествуваа ученици на различни возрасти.

Учесниците кои можеа да се пријават преку пополнување на бесплатна онлајн форма и притоа да имаат бесплатно учество, имаа за задача преку рециклирање на отпад  да создадат творби по сопствена желба и да ја остварат својата замисла.

Фото: Фејсбук профил на Еко лаб
„На првиот ден од работилницата, средношколците се истакнаа со својата креативност и добро се забавуваа. Се кристеше пластичен отпад од пакувања, како најголемиот загадувач на човековата средина. Заклучокот е дека треба да се одбие користењето на пластика, да се намали употребата на пластика, повторно да се употреби веќе купената пластика, да се пренамени и да и се најде нова употреба на пластиката и на крај рециклирај! Refuse, Reduce, Reuse, Repurpose and Recycle“, порачаа од работлиницата за 3D печатење со рециклирање на пластика за млади како грижа за животната средина, „Еко лаб“.
За изработување на творбите, секој ученик имаше слобода да донесе материјал за рециклирање кој ќе го искористи при изработката, но и без тоа организаторите имаа собрано голема количина отпад што може да биде пренаменет.
Вториот ден од работилницата учениците од основните училишта направија „експлозија“ на креативноста. Отпадот од хартија и пластични шишиња беше трансформиран во робот, ајкула, маче, куче, жаба, ракета.