Како да му дадеме „втор живот“ на текстилот, погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Наместо да се рециклираат, облеката и другите ткаенини што повеќе не ги користиме, најчесто завршуваат на депониите измешани со друго ѓубре. Иницијативи за рециклирање на текстил кај нас речиси и да нема, но во новата епизода на „Шорткат“ претставуваме една ваква акција на Ана Тодоровска од „Второ Азно“, која на текстилот му дава втор живот.

Во новите вести за млади информираме и за почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, за анализата на Младинскиот сојуз- Крушево за младите и корупцијата, како и за успехот на нашите млади математичари на Интернационалната математичка олимпијада.

Потсетуваме дека е отворен конкурсот за сместување во студентските домови, а ќе известиме и за просечните оценки на државната матура, според кои, за првпат, резултатите по македонски јазик се подобри од оние по англиски.

46-тата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.