понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Државна матура | 104 резултати

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

мај 12, 2025

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк, испитот на зрелоста ќе се полага во предавалници и амфитеатри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот […]

Државната матура ќе се полага во училишните простории, МОН ги прифати барањата на средношколците

април 2, 2025

Од Сојузот на Средношколци информираат дека Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, како што беше претходно најавено. Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување […]

Што сè треба да направи еден матурант за да заврши средно образование и да се запише на факултет?

март 4, 2025

Завршувањето на средното образование во Македонија е регулирано со закон и вклучува повеќе обврски кои средношколците-матуранти мора да ги исполнат за да стекнат сертификат или диплома и евентуално да продолжат на високо образование. Според Законот за средно образование, на учениците им претстојат задолжителни испити, проектни задачи и административни постапки кои се клучни за добивање на […]

Директорката на ДИЦ тврди: Ако државна матура се полага во амфитеатри, оценките ќе бидат пореални

февруари 28, 2025

Илјадниците препишувања на испитот на зрелоста кои беа евидентирани изминатите години, беше причина годинава надлежните да го организираат процесот на полагање во факултетски амфитеатри и во фискултурни сали низ земјава. Целта е резултатите што ќе се добијат да бидат што пообјективни. Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Даниела Михајловска Јовчевска, за Мета денеска изјави дека […]

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

февруари 27, 2025

Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, […]

Матурантите добија „тројка“ на државната матура

јули 5, 2024

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3.25, што е помалку од минатата и од предминатата година, соопшто МОН. Во 2023 година просечната оценка беше 3.65, додека во 2022 година – 3.78. Ова, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето […]

Денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

јуни 8, 2024

Матурантите во Македонија денеска го полагаат вториот екстерен испит, кој е задолжителен во рамките на државната матура. Учениците имаа можност да бираат меѓу еден странски јазик и математика. Најбројни се пријавените за полагање англиски јазик – 13.198 матуранти, а математика денеска полагаат 1.356 ученици. Минатата година, околу 3.000 матуранти беа фатени како препишуваат на испитот […]

Лани препишан есеј на државната матура се бодуваше со 0 поени, но годинава за тоа „се паѓа“ цел испит

јуни 5, 2024

Минатата година, ако ученик беше „фатен“ со препишан дел од есејот по мајчин јазик на државната матура, есејот единствено беше бодуван со 0 поени. Но, годинава има ново правило, согласно кое ако се утврди препис во есејот, целиот испит да биде поништен. Ова објаснување за Мета.мк го дава Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар […]

Матурантите ги наполнија холовите во училиштата – се полага државната матура

јуни 1, 2024

Во холовите во училиштата денеска 14.834 ученици полагаат мајчин јазик на државната матура. Телефоните тие ги оставаа во посебни кутии, за да нема препишувања, а ангажирани се и тестатори – еден за 15 деца. Одлуката годинава да се полага во холови е да се добијат пообјективни резултати и да се намали можноста од препишувања, бидејќи […]

Пред да влезат во холот в сабота, матурантите ќе ги исклучуваат телефоните и ќе ги оставаат на страна

мај 30, 2024

Во тек се подготовките за претстојното полагање на државната матура кое треба да се случи в сабота, на 1 јуни. Вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) во моментов ги пакуваат веќе испечатените тестови по предметот мајчин јазик. Како што информира директорката Билјана Михајловска за Мета.мк, деновиве во ДИЦ се работи интензивно, по цели денови, за […]

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

мај 15, 2024

Учебната година за матурантите завршува в петок. Ова е период кога се подготвуваат да слават со своите врсници и професори, заокружувајќи го средното образование, но и период кога се подготвуваат за претстојните испити кои се дел од државната матура. Новина годинава е тоа што за прв пат после многу години, испитот на зрелоста ќе се […]

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

април 30, 2024

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање се одржа во четири големи простории во училиштето. Целта на надлежните во Државниот испитен центар (ДИЦ), била да согледаат како ќе тече процесот на полагање во […]

Матура ќе се полага во спортски сали за да нема препишување

март 1, 2024

Наместо во училници, оваа година, матурантите ќе ги полагаат испитите од државната матура во спортските сали на училиштата и во холовите, потврдија за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). Оваа новина се прави за да нема препишување. Минатата година, оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик, утврдија дека дури 3.100 ученици […]

Ако сакаат да се запишат на факултет, учениците од стручно образование ќе полагаат академски испит

јануари 17, 2024

Учениците од средните стручни училишта ќе полагаат академски испит ако сакаат своето образование да го продолжат на факултет. Оваа новина помина на Влада синоќа заедно со останатите измени од Законот за средно образование. Со новините чија примена ќе започне од 2025 година, покрај академски испит се воведува и стручна матура. Денеска на прес-конференција министерот за […]

За упис на факултет ќе се полага академски испит, матурата нема да биде иста за сите средношколци

јануари 16, 2024

Владата, на денешната седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование чија цел, според предлагачот – Министерството за образование е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се влијае на квалитетот на целокупниот систем на образование во државата. Посебна новина којашто се воведува е во поглавјето […]

Шорткат: Колку е подготвена државата за справување со климатските промени?

август 24, 2023

Климатските промени со кои се соочува и нашата земја недоволно го привлекуваат вниманието на властите. За подготвеноста на државата на локално и национално ниво да се справи со климатските промени, зборуваме во новата епизода на „Шорткат“. Ја носиме и веста за матурантите кои постигнаа најдобри резултати на државната матура годинава, а информираме и за отворениот […]

Објавени имињата на матурантите со најдобри резултати на државната матура

август 18, 2023

Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, Матеј Митевски од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, Едон Адеми од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, Чигдем Муарем од приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга, Ѓулен Јагмур од меѓународното училиште „Мариф“ од Тетово, како и Огнен Јосифовски од скопската гимназија „Орце Николов“, се шестмината матуранти […]

Повеќе од 3.000 матуранти фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

јули 6, 2023

Оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик од државната матура, утврдиле дека дури 3.100 ученици препишувале на испитот, потврдија за Мета.мк одговорните во Државниот испитен центар (ДИЦ). Директорката Благица Павловска вели дека утврдените недоследности (преписи) се откриени и санкционирани. „Тие 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени се преписи на […]

Апликацијата Challenger во „Шорткат“: Поени за секој изминат километар пешки или на велосипед

јуни 15, 2023

Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во […]

Надлежните признаа пропусти во полагањето англиски јазик од државната матура

јуни 12, 2023

Да се лоцира одговорноста за пропустот при полагањето на вториот екстерен испит од државната матура, побараа денеска надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), откако на полагањето на вториот испит во саботата, некои медиуми објавија дека е пробиен тестот. Надлежните во Државниот испитен центар (ДИЦ) демантираа и кажаа дека тестот не бил пробиен, туку […]

Страна 1 од 5