Државната матура во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“

„Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот

Навременото полагање на државната матура е особено значајно за да можат матурантите со резултатите од испитот да аплицираат на факултет. За важноста на самата државна матура, како и за тоа на кој начин таа би требало во иднина да се организира, дознаваме од разговорот со Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци, во новата епизода на емисијата „Шорткат“.

Во новите вести за млади информираме и за најавата на Министерството за образование и наука дека годинава, за разлика од изминатите две години, свидетелствата ќе бидат доделени навреме. Ги пренесуваме и главните поенти што на дебата ги истакнаа кандидатите за ректор на првиот и најголем универзитет во земјава – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од светот на технологијата, ја носиме веста дека четботот ChatGPT отсега е достапен и како мобилна апликација.

„Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.