Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во денешната емисија.
Носиме вести и од образованието – информираме за неправилностите при полагањето на државната матура, како и за уписите во средно училиште.
Го најавуваме и првиот водечки меѓународен високотехнолошки самит што ќе се одржи во Скопје.
„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.